Војвотките Кетрин и Камила и принцовите Вилијам и Чарлс денес заедно посетија рехабилитациски центар во Лафборо, Лестершир.
Кралската четворка се сретна со повредени воени лица, а Вилијам се обиде и да поигра кошарка од инвалидска количка.
Кетрин беше облечена во тегет комплет во милитари стил од британската модна куќа Александар МекКвин. Многумина се согласија дека ова е соодветен избор, со оглед на тоа што денес се одбележува 10-годишнината од ненадејната смрт на популарниот дизајнер кој го основа овој бренд.
За многу прилики, Кетрин се доверува токму на оваа модна куќа. Наследничката на Александар, Сара Бартон, ја дизајнираше и венчаницата на Кетрин.