Војвотката Кетрин и принцот Вилијам денеска престојуваа во Ланкашир. Кралскиот пар посети болница во Клитероу.
40-годишната Војвотка и 39-годишниот Принц се сретнаа со медицинскиот персонал и се информираа за предизвиците кои им биле наметнати од пандемијата, а исто така се позабавуваа со мало куче кое ќе биде тренирано за да им го разубавува секојдневието на пациентите и вработените во болницата.
Кетрин беше облечена во монохроматска комбинација која вклучуваше палто од Масимо Дути и плетен комплет од ролка и здолниште од брендот Iris&Ink.
Популарните претставници на британското кралско семејство се сретнаа и со волонтери во Church on the Street кои им помагаат на бездомници, зависници и лица кои се соочуваат со ментални проблеми.