Војвотката Кетрин и принцот Вилијам ја започнаа кралската турнеја на Карибите. Британскиот кралски пар слета во Белизе и оттаму започна со посетата на островските земји.
40-годишната војвотка од Кембриџ пристигна во елегантен стајлинг. Таа носеше пеплум фустан во кралска сина боја од нејзината омилена дизајнерка Џени Пекам.
39-годишниот британски принц исто така беше облечен во син костум.
Парот се сретна со премиерот на Белизе, Џони Брисењо, и неговата сопруга.
За време на престојот во Белизе, Кетрин и Вилијам се дружеа и се забавуваа со локалното население. За оваа пригода, Војвотката шармираше во фустан од Тори Бурч.
Кетрин и Вилијам следно ќе ги посетат Бахамите и Јамајка.