Додека британското кралско семејство го тресе веста за откажувањето од официјалните обврски на Меган Маркл и принцот Хари, војвотката Кетрин се врати на кралските должности.
38-годишната Војвотка и принцот Вилијам го посетија Бредфорд, каде беа пречекани од нивни фанови.
Кетрин носеше дизајнерско палто од модната куќа Александар МекКвин, а под него фустан од Zara кој на намалување чини само 999 денари.
Кетрин и Вилијам се очекува да се сретнат со локални бизнис лидери и да учествуваат во работилница која им помага на бабите и дедовците со обврските при чување на внучиња.