Војвотката Кетрин стана патрон на „The Royal Photographic Society“, а првиот ангажман го оствари со поддршка од хуманитарната организација „Action for Children“ со која соработува долги години.
37-годишната припадничка на британското кралско семејство на денешниот настан се појави во летен фустан и еспадрили.
Кетрин им се посвети на младите ентузијасти за фотографија и им подели совети.