Почетна » Новости » Мода » Во светот на Кристијан Диор: Ѕирнете во уникатното ателје на француската модна куќа во Париз

Во светот на Кристијан Диор: Ѕирнете во уникатното ателје на француската модна куќа во Париз

Диор ги отвори вратите на реновираното ателје во Париз.

Француската модна куќа го трансформираше изгледот на легендарниот објект кој се наоѓа на „Авенија Монтењ 30“, каде било сместено првото ателје на дизајнерот Кристијан Диор.

Диор Диор Диор

Сместен на површина од 10.000 квадратни метри, домот на Диор во Градот на светлината содржи ексклузивен бутик, ателјеа за накит, ресторани и огромен изложбен простор каде се прикажани работата и делото на Кристијан Диор, кој уште во 1946 година се заљуби во локацијата.

Диор Диор Диор Диор

„Скапоцениот камен“ е Галеријата Диор со колоритна колекција од над 1.800 предмети од модното минато на брендот. Од чанти до капи и екстравагантни креации... наследството на модната куќа е огромно.

Диор Диор Диор Диор Диор Диор Диор Диор Диор Диор Диор Диор Диор Диор

Пред околу еден месец, амбасадорката на брендот Ања Тејлор-Џој ја посети локацијата и сними забавно видео во кое ги гледа 1.874-те креации прикажани од модната куќа и признава дека и самата има носено дел од нив.

Диор Диор Диор

„Имаме многу нешта кои ги пронајдовме и купивме специјално за галеријата. Пронајдовме многу парчиња облека, документи, фотографии, па дури и подароци кои оригинално се продавале во бутикот на ‘30 Montaigne’“ – рекле од модната куќа.

„Можете да ја видите канцеларијата на господин Диор на местото каде што била оригинално. Можете да ја видите и кабината, простор каде моделите се пресоблекуваа и пробуваа облека“ – додале тие.

Диор Диор Диор Диор Диор Диор Диор Диор Диор Диор Диор Диор Диор Диор Диор

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20803 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.