Шанел приреди моден спектакл во Париз.
Ревијата на која беше презентирана колекцијата висока мода за сезоната пролет/лето 2022 година беше отворена од Шарлот Казираги, внуката на принцезата Грејс Кели, која јаваше на коњ на пистата. Таа носеше црно сако од твид, кое е карактеристично за брендот.
Новата креативна директорка на луксузниот бренд, Виржини Вијар, за колекцијата изјави: „Малку бев инспирирана од 20-тите – пердувите и ресите. Женствената страна на конструктивистите, девојката во нив“.
За дел од моделите Вијар се инспирирала од 80-тите години на минатиот век, а за друг дел од 2020-тата година. „Тоа е како разговор кој го поврзува времето“ – додала таа.