Ријана сензуално се расоблекува во краток жежок филм за рекламната кампања на Armani Jeans.
Во видеото, 23-годишната пејачка седи на задното седиште на автомобил облечена во фустан, кој мнооогу бавно го соблекува за да се пресоблече во фармерки и кожена јакна.
Црно-белото видео е во „филм ноар“ стил, а музиката е од самата Ријана која заводливо пее: „I got a secret I wanna show you“.
Познатата пејачка неодамна стана рекламно лице на Emporio Armani Underwear и Armani Jeans. Во врска со својот избор, дизајнерот Џорџо Армани изјавил: „Ријана е одличен артист. Нејзината личност, харизма и енергија направија работењето со неа да биде задоволство. Таа совршено го олицетворува современиот и младешки дух на Emporio Armani Underwear и Armani Jeans“.