Почетна » Новости » Мода » ВИДЕО: Погледнете го спектакуларното шоу на Victoria’s Secret 2014

ВИДЕО: Погледнете го спектакуларното шоу на Victoria’s Secret 2014

Милиони љубопитни гледачи секоја година со нетрпение ја очекуваат екстравагантната ревија на Victoria’s Secret и никогаш не остануваат разочарани.

Сексапилното шоу, кое се одржа на 2 декември во Лондон, вклучуваше шест сегмента, и тоа „Gilded Angels“, „Exotic Traveler“, „Dream Girl“, „University of Pink“, „Fairy Tale“ и „Angel Ball“.

Осумте убавици кои гордо ја носат титулата „ангел“ – Адријана Лима, Алесандра Амбросио, Дауцен Крус, Кендис Сванапул, Лили Олдриџ, Линдзи Елингсон, Беати Принсло и Карли Клос – дефилираа заедно со уште 39 манекенки од целиот свет, меѓу кои и Изабел Голарт, Изабели Фонтана, Лили Доналдсон, Магдалена Фраковјак, Шанина Шајк, Сара Сампајо и Џоан Смолс.

За музичкиот дел годинава беа задолжени Тејлор Свифт, Ед Ширан, Аријана Гранде и Хозиер.

Уживајте во неповторливото шоу:


Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20802 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.