Патувањето на избраничките на Victoria’s Secret за спектакуларното шоу беше будно следено од светските медиуми. Атрактивните модели беа фотографирани при полетувањето во Њујорк и пристигнувањето во Лондон.
Ангелите Адријана Лима, Алесандра Амбросио, Беати Принсло, Кендис Сванапул, Дауцен Крус, Карли Клос, Лили Олдриџ и Линдзи Елингсон заедно со уште десетици други колешки ќе дефилираат во околу 80 уникатни костими.
Очекуваната ревија ќе биде снимена утре, а за првпат ќе биде телевизиски емитувана на 9 декември.
Музички гости во шоуто ќе бидат Тејлор Свифт, Ед Ширан, Аријана Гранде и Хозиер.