Роузи Хантингтон-Вајтли го разголи своето тело во фотосесија за британскиот „Elle“.
На страниците на популарното списание, 33-годишниот модел позира топлес и без облека, покажувајќи ја својата атрактивна фигура. Во интервјуто, поранешниот модел на Victoria’s Secret зборуваше да стареењето и животот во пандемија.
Запрашана кој е нејзиниот став за стареењето, таа рекла:
„Како некој кој изградил многу, ако не и сè, во бизнисот изгледајќи на одреден начин, можеби ќе дојде време кога мојот одговор ќе биде различен. Но, сега имам 33 години и започнувам да гледам мали линии и веројатно нештата не стојат онаму каде што беа пред да родам бебе, но тоа за мене е ОК. Се познавам себеси и како што стареам, ќе ја оттурнувам секоја идеја дека би требало да изгледам на одреден начин“.
За животот во пандемија, Роузи рекла:
„Има многу јавни личности кои зборуваат како сите сме заедно во ова. Да, можеби ги искусуваме истите околности, но вие сте во резиденција во Беверли Хилс со базен и приватни тутори, а очекувате некој во стан под наем, кој се соочува со сиромаштија да верува дека сме во ова заедно?!“.
За начинот на кој таа се справува со пандемијата, рекла:
„Треба само да се заклучиш во бањата или да си наполниш голема чаша вино на крајот од вечерта. Така стојат нештата. Тоа е реално и тоа е живот, а јас нема да го прикривам тоа.“