Тасија Навес е модна зависничка која благодарение на своето изострено чувство за стил, стана една од најпознатите блогерки во светот.
29-годишната Бразилка, која го основа својот блог во 2011 година, преферира креации кои ја истакнуваат женската силуета, си поигрува со принтови, но не ги заборава и впечатливите комбинезони и лелеавите макси фустани.
„Кога бев малечка ме опкружуваа прекрасни материјали и се восхитував на работата на моите баба и дедо кои креираа прекрасни фустани. Уште едно модно влијание ми беше мојата мајка – таа за мене е пример за добар вкус и елеганција“ – вели Тасија.
„Отсекогаш сакав да создадам влијателен блог богат со содржини од кои другите ќе се инспирираат. Тој е дневник преку кој можам мојот личен стил да го споделувам со светот. Многу сум среќна со успехот кој го имам постигнато досега“ – вели Навес.