Very Peri е бојата која ќе ја одбележи 2022 година според Pantone.
Оваа вибрантна нијанса ќе нè инспирира да бидеме љубопитни и креативни додека ги прифаќаме новите можности кои ни ги нуди светот по излегувањето од интензивниот период на изолација.
„Very Peri е динамична сина нијанса со живописно виолетово-црвен подтон, кој ја спојува верноста и постојаноста на сината боја со енергијата и возбудата на црвената. Новата Pantone боја, чие динамично присуство поттикнува лична инвентивност и креативност, е најсреќната и најтоплата од сите сини нијанси.“
„Живееме во време на трансформација. Како што излегуваме од интензивен период на изолација, нашите верувања и стандарди се менуваат. Прикажувајќи безгрижна самодоверба и смела љубопитност што го анимира нашиот кретивен дух, Very Peri ни помага да го прифатиме овој изменет пејзаж на можности. Ја поставува иднината во ново светло“ – пишуваат од брендот.