„Viva Magenta“ е бојата којашто ќе ја одбележи 2023 година. Компанијата Pantone изјави дека оваа боја е храбра, бестрашна и пулсирачка, чија живост буди оптимизам и радост и е вкоренета во природата.
„Viva Magenta“ потекнува од семејството на црвените бои и покажува нов сигнал на сила. „Неконвенционална нијанса за неконвенционално време: нова визија“ – пишуваат од Pantone.
„Наметлива, но не агресивна. Промовира оптимизам и радост и е анимирана црвена боја која поттикнува експериментирање и самоизразување без ограничувања. 'Viva Magenta' ги дочекува сите кои имаат бунтовнички дух“ – се вели во соопштението од Pantone.