Модна зависничка од Србија дала отказ од работа во аптека за да ја следи својата страст кон модата. Денес таа има свој блог, мрежа од повеќе од 650.000 обожаватели на Instagram и го живее својот сон соработувајќи со врвни модни брендови како Диор, Версаче, Долче и Габана, Фенди, Луј Вутин и Марк Џејкобс.
Тамара Калиниќ има завршено фармација во Брајтон, Велика Британија. За време на студиите, го создала блогот „Glam&Glitter“, а нејзините обожаватели постојано се зголемувале. По дипломирањето, таа започнала да работи како фармацевт во аптека, но наместо работата да ја усреќува, само ја спречувала да го работи она што го сака.
„Поради тоа што луѓето околу мене не ја разбираа модата, а мојата љубов сè повеќе растеше, во 2011 година одлучив да започнам свој моден блог и таа заљубеност да ја поделам со девојките низ светот. Никому не му беше јасно што се случува со мене и зошто се откажувам од сигурно работно место заради нешто виртуелно. Залудно! Јас сакав да се пробам во свет во кој не постојат врски. Сакав промена, ризик и да создадам нешто само мое“ – вели 29-годишната блогерка.
На 22-годишна возраст Тамара дала отказ од работа, а веќе следниот ден добила понуда за моден ангажман со двојно повисок хонорар од нејзината плата во аптеката.
„Мојата популарност брзо растеше, а клучниот момент во мојата кариера беше првата понуда за соработка од тимот на Марк Џејкобс. Тогаш им станав интересна и на други големи брендови“ – објаснила девојката од Нови Сад.
По соработката со Марк Џејкобс, успесите на Тамара само се нижеле. Таа е бренд амбасадор на Диор, Ели Сааб ја има покането да носи негова креација на настан во рамките на Канскиот филмски фестивал, а „Вог“ ја има ставено на листата на 10 највлијателни блогерки. Минатата година, таа се најде на листата на жени кои имаат колекции на најскапи чанти, направена од „Daily Mail“. Таа поседува 70 такви чанти.
Неодамна, Калиниќ го посети Охридското езеро, а нејзиното патување беше документирано со прекрасни фотографии од Охрид и Свети Наум.
Во соработка со Armani Beauty, таа беше дел од овогодишното издание на Филмскиот фестивал во Венеција, каде блескаше во розова вечерна тоалета.
Еве фотографии од нејзините авантури: