„За љубовта“ (About Love) е најновата кампања на Tiffany & Co која гравитира околу еден од најпопуларните парови во светот. Бијонсе и Џеј Зи се прикажани како љубители на луксузниот накит и уметноста.

Музичката дива е облечена во црн фустан и високи ракавици, а нејзиниот аутфит очигледно е инспириран од култниот изглед на Одри Хепберн во „Breakfast at Tiffany's“.


Највпечатлив елемент од нејзината комбинација е големиот жолт дијамант „Тифани“, кој претходно го имаат носено само три други жени – Лејди Гага (на Оскарите во 2019 година), Одри Хепберн (за промотивните материјали за „Breakfast at Tiffany's“) и г-ѓа Е. Шелдон Вајтхаус во 1957 година.
Гигантскиот дијамант е од 128,54 карати и се проценува дека чини вртоглави 30 милиони долари.



„Иконска љубов. Легендарен дијамант. Семејството Картерс за Tiffany & Co“ – пишуваат од брендот.


Особено забележлива на фотографиите е сликата „Equals Pi“ на прерано починатиот уметник Жан-Мишел Баскија.

