Меланија Трамп стилски безгрешно ја започна посетата на Велика Британија. Првата дама и Претседателот на САД вечерва беа на кралски банкет во Бакингемската палата, а Меланија беше дефиниција за совршена елеганција.
Белиот фустан од Диор, таа го искомбинира со ракавици до лактите за да го заокружи максимално префинетиот стајлинг.
Меланија и Доналд позираа со кралицата Елизабета, принцот Чарлс и војвотката Камила.
На свеченоста присуствуваа и војвотката од Кембриџ и принцот Вилијам, како и децата на Доналд.
Поканети се околу 170 гости.