Бела Хадид носи празнична магија во соработка со Swarovski. Во новата рекламна кампања на познатата компанија за накит и кристали, убавата манекенка влегува во улога на самовила за подароци.
Атрактивниот модел изгледа прекрасно во ведри стајлинзи избрани од Карлос Назарио надополнети со блескав накит.
Фотографиите ги потпишува фотографското дуо Мерт и Маркус.