Почетна » Новости » Мода » Бела Хадид гламурозна ѕвезда за арапскиот Harper's Bazaar

Бела Хадид гламурозна ѕвезда за арапскиот Harper's Bazaar

Бела Хадид сними гламурозен едиторијал за арапското издание на Harper's Bazaar. Популарниот модел позираше во Венеција пред објективот на Виктор Демаршелие.

За фотографиите, таа носеше раскошни креации од Александар МекКвин, Ели Сааб, Ралф и Русо и Оскар де ла Рента, како и впечатлив накит и чанти од Булгари.

Бела Хадид Бела Хадид Бела Хадид

Во интервјуто за списанието, Бела ја критикуваше забраната на Доналд Трамп за патување во САД од државјани на одредени земји - Иран, Сирија, Чад, Венецуела, Северна Кореја, Либија, Сомалија и Јемен.

„Мојот татко беше бегалец. Тој дојде од Палестина во Америка кога беше бебе. За среќа тој можеше да дојде, но беше многу тешко, а сега веројатно е 100 пати потешко. Ме растажува тоа што им се одзема моќта на многу луѓе и тие не можат да создадат нов живот за нивните деца и за нивните семејства. Според мене, лудо е една личност да ти кажува дали можеш или не да имаш подобар живот“ - рекла Бела.

Таткото на Бела, Мохамед Хадид, е мултимилионер и сопственик на градежна компанија за луксузни објекти.

Бела Хадид Бела Хадид Бела Хадид Бела Хадид Бела Хадид Бела Хадид Бела Хадид

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20903 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.