Меѓу милионите блогерки кои непрекинато споделуваат модни фотографии на Instagram, може да се пронајдат ликови кои случајно навлегле во виорот на социјалните мрежи.
Жаклина, која стои зад профилот realfashionist, забрзано привлекува следбеници, благодарение на стилските фотографии и младоликиот изглед. Судејќи според нејзините фотографии, тешко е да се каже дека таа е баба на две внуки која за три години ќе го прослави својот јубилеен 50. роденден.
Родена е во Србија, но има живеено и во Швајцарија, Франција и Полска. Во моментов, нејзин дом е прекрасната Италија.
„Моја главна цел е да ги инспирирам жените да ја разбудат дивата во себе“ – вели таа и додава дека блогерството ѝ е хоби.
Често Жаклина се фотографира со двете внуки од 28-годишната ќерка. Таа имаше и син, кој почина минатата година откако беше прегазен сред Белград на Бадник, па Жаклина постојано го нарекува свој ангел и секоја фотографија на Instagram ја означува со хаштагот #rememberstefan.