Ања Тејлор-Џој одушеви во металик креација на премиерното прикажување на нејзиниот најнов филм „Last Night in Soho“ во Лос Анџелес.
Шармантната 25-годишна актерка шармираше во долг фустан со длабоко деколте од колекцијата висока мода за сезоната есен/зима на Диор. Таа беше именувана и за заштитно лице на козметичката и модната линија на француската модна куќа.
На црвениот тепих ѝ се придружи и нејзината колешка Томасин Мекензи, која исто така носеше металик креација.
За филмот, Ања ја отпеа песната „Downtown (Downtempo)“ и добри море од комплименти.