Ања Тејлор-Џој буквално блесна на премиерата на нејзиниот најнов филмски проект „The Northman“.
На настанот во Лондон, 25-годишната актерка позираше покрај момчето Малком Мекре во кратко фустанче од Диор и светкави салонки од Кристијан Лобутин. Парот, кој за првпат се појави заедно на јавен настан на оскаровската забава на Vanity Fair, сега си споделуваше бакнежи пред фоторепортерите.
Ања позираше и со својот колега Александер Скарсгорд, кој ја има главната улога во филмот.
Според информациите во странските медиуми, парот започна да се состанува во мај минатата година.