Освен со талентот за глума, Ања Тејлор-Џој ги освојува фановите и со чувството за стил. Ѕвездата од „The Queen's Gambit“ деновиве престојува во Венеција по повод премиерата на нејзиниот најнов проект.
25-годишната актерка присуствуваше на прикажувањето на новиот филм „Last Night in Soho“ и на неколку промотивни настани.
На црвениот тепих, таа изгледаше како модерна „Барби“ во розов фустан од Диор, кој многумина ги потсети на стајлингот на Мерилин Монро во „Diamonds Are a Girl's Best Friend“ и на Мадона во спотот за „Material Girl“.
Ања позираше и со Едгар Рајт кој го режираше психолошкиот трилер.
За прес настан со филмската екипа, таа избра портокалов фустан со ситни набори и истобојни обувки.
Првото појавување на убавата актерка на фестивалот ѝ беше во цветна креација од Родарте.