Џиџи Хадид ги краси страниците на последното издание на „Allure“ за оваа година.
21-годишната девојка, која е меѓу најбараните модели, позираше во романтични креации од модни куќи како Gucci, Valentino и Southpaw Vintage пред фотоапаратот на Патрик Демаршелие.
За фотосесијата, Џиџи го јаваше коњот Зулу и позираше речиси гола на него.
На насловната страница, Џиџи позира во розов чипкаст фустан од Gucci.