Само комплименти пристигнуваат на адреса на Кендис Сванапул за папараци фотографиите од нејзиниот релаксиран ден на плажа.
32-годишниот модел ја истакна извајаната фигура додека уживаше во Мајами заедно со пријатели.
Популарниот „ангел“ на Victoria’s Secret носеше минијатурно бикини од својата најнова колекција.
Кендис периодов е посветена на мајчинството. Таа има два мали сина со поранешниот свршеник Херман Николи.
Во 2018 година, славната убавица го основа брендот за костими за капење Tropic of C, а најновата колекција сега ја претстави со фотосесија.