Синоќа во Кан се одржа европската премиера на „Solo: A Star Wars Story“, филмот кој го следи животот на Хан Соло во младоста.
На црвениот тепих на Азурниот брег парадираа бројни славни личности меѓу кои и сегашни и поранешни ангели и модели на Victoria’s Secret.
Алесандра Амбросио, која пред неколку месеци се откажа од „ангелските крилја“ се појави во фустан од Роберто Кавали, Изабел Голарт заведуваше во креација од Џулиен Мекдоналд, а Џорџија Фаулер својот изглед му го довери на талентираниот Зухаир Мурад.
Погледнете како изгледаа убавиците на премиерата и оценете го нивниот стил: