Амал Клуни со стил ги извршува работните обврски. Успешната адвокатка и активистка за човекови права во модерно издание со ретро шмек примамуваше погледи во Вашингтон.
Нејзиниот деловен стајлинг се состоеше од едноставен фустан и винтиџ карирано палто од брендот Courrèges, како и чанта со потпис на Роже Вивие.
Пред да отпатува во Вашингтон, Амал го придружуваше нејзиниот сопруг Џорџ Клуни на промотивните активности за неговиот најнов филм „The Tender Bar“.