По објавувањето на информацијата во некои медиуми во врска со вооружениот грабеж на филијала на „Халкбанк АД Скопје“ во Визбегово, Халкбанк АД Скопје ја проследува следната изјава за медиуми:
„Во врска со денешниот грабеж во нашата филијала на улица 'Јадранска магистрала' во Визбегово, 'Халкбанк АД Скопје' ја известува јавноста дека нема повредени и дека ситуацијата е ставена под контрола од страна на надлежните институции кои работат на расветлување на случајот. Халкбанк воедно ги известува сите свои клиенти дека нивните средства се осигурени согласно политиките на Банката.“