Почетна » Новости » Истражувања » Средствата за чистење го зголемуваат ризикот од рак на дојка

Средствата за чистење го зголемуваат ризикот од рак на дојка

Средства за чистење

Средствата за чистење на домот и освежувачите на воздухот влијаат негативно врз здравјето на жените.

Американско истражување потврди дека жените кои редовно употребуваат средства за чистење и освежувачи се изложени на двојно поголем ризик од појава на рак на дојка во споредба со жените кои никогаш не користат вакви продукти.

Во истражувањето учествувале повеќе од 1500 жени, од кои 787 биле болни од рак на дојка. Истражувачите откриле дека кај жените кои редовно користеле комбинација на различни средства за чистење ризикот од појава на рак на дојка е поголем за 110%, во споредба со жените кои никогаш не допреле вакви средства.

Најголемо влијание имале освежувачите на воздухот. Оние кои ги менувале освежувачите почесто од 7 пати годишно, биле изложени на двојно поголем ризик од појава на рак на дојка. Користењето на средства против мувла почесто од еднаш неделно исто така двојно го зголемувало ризикот.

Кон штетните средства можат да се додадат и средствата против инсекти, како и средствата за чистење на рерни и мебел.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20793 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.