Почетна » Новости » Животни стории » Жена забремени откако го победи ракот на дојка, ја сподели својата приказна за да ги охрабри сите кои минуваат низ истото

Жена забремени откако го победи ракот на дојка, ја сподели својата приказна за да ги охрабри сите кои минуваат низ истото

Меган Козиел секојдневно ја подигнува свеста на луѓето за ракот на дојка, бидејќи знае точно како изгледа добивањето на таа страшна дијагноза.

По откривањето на ракот, таа го создаде блогот „She Spakles On“ и својот профил на Instagram за детално да го прикаже своето лекување. Но, откако забремени со своето прво дете, инспиративната жена го користи својот глас за да им влее надеж на жените кои го минуваат нејзиниот пат.

Меган Козиел Меган Козиел

„Од денот кога ми беше поставена дијагноза, одбивав да му дозволам на ракот да ми ја промени судбината. Згазнав цврсто на земјата, одлучив да се борам и да ги исполнам сите мои соништа. Да станам мајка беше дел од нив. Донесов ризична одлука да ги прекинам лекарствата за блокирање на хормоните со надеж дека ќе го живеам мојот сон. Тука сум да ја споделам мојата приказна, да ги охрабрам сите млади жени кои се соочуваат со рак да бидат отворени со докторите од почетокот на нивното патување за нивните соништа, бидејќи ИМА безброј начини да се стане МАЈКА“ – вели таа.

Меган имала само 26 години кога си пронашла грутка на едната града, за која подоцна дознала дека е агресивен рак. Таа морала да помине низ 12 хемотерапии, двојна мастектомија и 30 третмани со радијација, но во ниту еден момент не дозволила ракот да ѝ го уништи сонот дека еден ден ќе стане мајка.

Меган Козиел Меган Козиел Меган Козиел Меган Козиел Меган Козиел Меган Козиел Меган Козиел Меган Козиел

Пред лекувањето, со нејзиниот сегашен сопруг оплодиле 3 јајце клетки кои ги замрзнале за во случај да не може да забремени поради хемотерапиите. Сепак, само 6 месеци откако ги прекинала лекарствата за хормони, таа ја добила првата менструација, а еден месец подоцна дознала дека е бремена.

„Ракот ми го промени животот засекогаш, но кога гледам во ова слатко мало девојче, сите мои стравови за враќање на ракот и повторно лекување исчезнуваат! Многу, многу сум благословена и засекогаш ќе блескам“ – вели Меган, која се породи на 15 септември годинава.

Нејзината ќерка Кендра Џејн Козиел го добила името по онкологот кој ѝ го спасил животот и кој постојано ја охрабрувал НИКОГАШ да не се откажува од сонот да биде мајка.

Меган Козиел Меган Козиел Меган Козиел Меган Козиел Меган Козиел

Во описот на една од фотографиите, Меган накратко раскажа за своето патување од дијагностицирањето, до станувањето мајка.

Меган Козиел

На 12 октомври 2015 година животот засекогаш ми се промени. Добив повик... незамисливиот повик „Имаш рак“. Бев млада, имав 26 години и штотуку го започнав мојот живот како возрасна личност. Во изминатите 3 години... животот целосно ми се промени. Купивме куќа, стапивме во брак, поминавме низ пункција и направивме 3 ембриони-бебиња кои сè уште се некаде замрзнати, јас поминав низ хемотерапии, ја изгубив косата, радијација, безброј операции, ги изгубив моите гради, добив импланти, имам тело полно со лузни... НО, ПРЕЖИВЕАВ!

Животот дефинитивно ми се промени... Ако ме прашавте пред ракот на 26 години каде се гледам за 5 години, никогаш немаше да се замислам како личност без гради со историја на рак. Но, денес... точно еден месец по раѓањето на нашето бебе-чудо, не можам да смислам нешто за што би била поблагодарна! Точно овој живот би го посакала во мојот 5-годишен план. Ми беше дадена сила и втора шанса да ЖИВЕАМ најдобар живот.

Да, имам лузни, а некои делови од телото ми беа заменети како скршена Барбика, НО жива сум и со нетрпение чекам да го започнам следното поглавје – да бидам МАЈКА!!! Благословена сум.

Сега, Козиел ги охрабрува жените кои имаат рак да ги искористат социјалните мрежи за да се поврзат со личности кои имаат слични животни приказни и кои можат да им влеат надеж.

„Ви ветувам дека не сте сами! Какво и да е вашето патување, има многу жени во светот кои живеат во слична приказна како вашата. Не ги користете социјалните мрежи за завист, за негативност, за да се потсмевате на различните од вас... искористете ги за да пронајдете некој друг како вас, некој во кого ќе се пронајдете, со кого ќе можете да разговарате!“ – вели таа.

Меган Козиел Меган Козиел Меган Козиел

Бидејќи октомври е месец за подигнување на свеста за ракот на дојка, Меган повикува на редовни самопрегледи кои се клучни за рана детекција на ракот и за навремено реагирање додека тој е во почетните стадиуми.

View this post on Instagram

Did you know that majority of all breast cancers are found not from a doctor first feeling an abnormality... BUT by You or your partner. By touching those boobies, you may find that one is perfectly round, the other has a few bumps or lumps... what should you do?! How do you know if something is there if you never feel them to begin with? Yes I’m talking about those boobies ladies and gents! Did you #feelitonthefirst ? If you notice something different, uncomfortable, or weird—take a deep breath, and call your doctor to have it looked at! DO NOT attempt an online doctorate of google! Most often these differences are normal...however, other times they aren’t! One of the biggest advocates and motivational girls out there, @nalieagustin created an easy way for us all to remember. Every 1st of the month, you should complete a monthly breast exam? What are you looking for you ask? Breasts that are their usual size, shape, and color. Breasts that are evenly shaped without visible distortion or swelling. If you see any of the following changes, bring them to your doctor's attention: Dimpling, puckering, or bulging of the skin, a nipple that has changed position or an inverted nipple (pushed inward instead of sticking out), Redness, soreness, rash, or swelling. I think the best place for a breast exam is in the shower, but its very simple to give them a quick squeeze to make sure your lumpless! Have a magical day, and #sparkleon How to perform a breast exam: Raise your right shoulder and your right arm behind your head. Using your left hand, move the pads of your fingers around your right breast gently in small circular motions covering the entire breast area and armpit. Use light, medium, and firm pressure. Squeeze the nipple; check for discharge and lumps. Xo #feelitonthefirst tag your friends men and women and let’s feel those boobies because it’s September 1st people!!! #megospreggo #breastcancer #mastectomy #mastectomyscars #foobs #breastreconstruction #breastreconstructionawareness #savetheboobies #thebump #pregnant #pregnantbelly #pregnantaftercancer

A post shared by She Sparkles On (@meghankoziel) on

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20793 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.