Почетна » Новости » Истражувања » Спиењето навистина разубавува

Спиењето навистина разубавува

Ако ви претстои важен ден кога сакате да ја покажете вашата убавина, најважното нешто што треба да го направите е да си осигурите добар сон.

Уште еднаш истражувањата покажаа дека сонот во голема мера влијае на надворешниот изглед. Резултатите од ново шведско истражување покажале дека луѓето кои спијат по 8 часа дневно се поатрактивни од оние кои не спијат доволно.

Убава жена што спиеЛуѓето кои спијат по 8 часа дневно се сметаат за поатрактивни и поздрави

За целите на истражувањето биле фотографирани 26 доброволци и тоа еднаш откако спиеле 8 часа, а втор пат откако спиеле 5 часа. Првата вечер им било дозволено да спијат дома и тоа во периодот од 23ч. навечер до 7ч. наутро, а втората вечер спиеле во лабораторија за да бидат набљудувани и никој од нив да не спие повеќе од 5 часа. На жените не им било дозволено да користат шминка и сите требало да ја носат косата пуштена.

Секоја од направените фотографии била оценувана според атрактивноста на личноста по скала од 1 до 10. Резултатите покажале дека учесниците изгледале многу полошо кога не биле добро наспани.

„Луѓето кои се лишени од добар сон се восприемаат како помалку атрактивни и помалку здрави, во споредба со луѓето кои се добро одморени“ – пишувало во извештајот од истражувањето.

Се смета дека спиењето ги намалува и брчките на лицето и вратот.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20834 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.