Почетна » Новости » Истражувања » Спиењето е најдобриот начин за апсорбирање на знаење

Спиењето е најдобриот начин за апсорбирање на знаење

Ова е веста која ќе ја сакаат сите ученици и студенти низ светот: научниците тврдат дека најдобриот начин да запомните нова информација е да легнете да поспиете.

Жена што спиеНајдобриот начин да запомните нова информација е да легнете да поспиете

Германски истражувачи побарале од 24 доброволци да запомнат 15 пара карти на кои биле прикажани животни и предмети од секојдневието. Додека го правеле тоа, учесниците во истражувањето биле изложени на непријатна миризба. Потоа, на половина од доброволите им било дозволено да легнат да спијат, а другата половина останале будни.

Четириесет минути подоцна, на доброволците кои останале будни им била дадена задача да запомнат други парови карти. Притоа, повторно биле изложени на истата непријатна миризба за да им се разбудат спомените од првата вежба.

Другата група доброволци ја направиле втората вежба откако поспале за кратко. За време на спиењето тие биле изложени на непријатната миризба.

На крајот, двете групи биле тестирани за тоа колку добро ја помнат првата задача.

Истражувачите откриле дека учесниците кои легнале да спијат имале значително подобри резултати, присетувајќи се на 85% од покажаните парови карти. Доброволците кои не спиеле се присетиле само на 60% од паровите карти.

Резултатите од истражувањето се објавени во Nature Neuroscience, а во текстот научниците ги објасниле и новите откритија за комплексниот процес кој настанува кога учиме.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20802 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.