Еден од невербалните сигнали кој помага за успешно флертување е допирот на раката на лицето кое ви се допаѓа.
Научниците потврдија дека жената може многу лесно да го освои вниманието на еден маж ако нежно ја допре неговата рака.
За да ја докажат својата теорија, научниците направиле експеримент со 20-годишна девојка која од 16 мажи била оценета како просечно привлечна. Таа требало да им пријде на 64 произволно избрани мажи во бар и да побара од нив да ѝ помогнат да стави клуч на привезок.
Во текот на половината од таквите средби, пред да му се заблагодари на мажот што ѝ помогнал, девојката требало да го допре 1-2 секунди во областа на раката под лактот, а потоа да се врати на својата маса.
Набљудувачите откриле дека третина од мажите кои таа ги допрела на раката започнувале разговор со неа, а само 16% од оние кои не ги допрела го направиле истото.
Нежниот допир не ги освојува само мажите, туку и жените. Претходно истражување открило дека жената е посклона да танцува со некој маж ако претходно тој нежно ја има допрено на раката.