Почетна » Новости » Истражувања » Врската зависи од стилот на флертување

Врската зависи од стилот на флертување

Сите луѓе флертуваат. Некои за да го освојат оној со којшто посакуваат да се во врска, други за да го задржат вниманието на својот партнер, а трети едноставно за забава.

Научниците сметаат дека флертувањето не само што решава дали ќе започнете врска со некого, туку и влијае на тоа каков тип на врска ќе имате.

ФлертМажите и жените кои употребуваат физичко и игриво флертување најчесто имаат кратка и несериозна врска

Истражувачи од Универзитетот во Канзас спровеле истражување во кое учествувале 5100 мажи и жени. Тие откриле дека постојат 5 типа на флертување и дека начинот на флертување одредува каква врска ќе имате.

  • Физичко флертување. Овој тип на флертување вклучува искажување на сексуален интерес кон потенцијалниот партнер. Луѓето кои избираат физичко флертување брзо ја развиваат врската и имаат поголема сексуална хемија.
  • Традиционално флертување. Луѓето кои практикуваат ваков тип на флертување веруваат дека жените не треба да трчаат по мажите и дека секогаш мажите треба да го прават првиот чекор. Традиционалните жени често имаат проблеми да го задржат вниманието на мажот, многу ретко флертуваат и не им годи многу кога некој флертува со нив. Традиционалните мажи често ја познаваат потенцијалната партнерка подолго време пред да се решат да ѝ пријдат.
  • Учтиво флертување. Овој стил на флертување се фокусира на добри манири и несексуална комуникација. Оние кои практикуваат ваков стил поретко му пријдуваат на потенцијалниот партнер, не им ласка флертувањето, но имаат силни врски.
  • Искрено флертување. Се базира на создавање на емоционална поврзаност и покажување на искрен интерес. Врските кои се создаваат како резултат на ваквиот тип на флертување вклучуваат силна емоционална поврзаност и сексуална хемија.
  • Игриво флертување. Се користи од луѓе кои немаат интерес за долга врска. Тие сметаат дека флертувањето е забавно и дека ја зголемува нивната самодоверба. Оние кои практикуваат игриво флертување, најретко создаваат силна длабока врска со партнерот.

Истражувачите сметаат дека мажите и жените кои употребуваат физичко и игриво флертување најчесто имаат кратка и несериозна врска, а оние кои користат учтиво и искрено флертување најчесто привлекуваат партнери со кои ќе останат подолго време.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20803 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.