Почетна » Новости » Истражувања » Портокалот е подобар од таблета витамин Ц

Портокалот е подобар од таблета витамин Ц

Во текот на зимските денови особено треба да внимаваме на внесувањето на витамин Ц. Но, отсекогаш нутриционистите советувале дека храната богата со витамин Ц е многу подобар избор отколку витаминот Ц од таблети.

Сега научниците открија зошто консумирањето портокал е многу подобро за нас отколку пиењето на таблета витамин Ц или други апчиња.

Тие тврдат дека уникатниот микс од антиоксиданси кои ги има во портокалот работат многу поефективно заедно, отколку одделно.

ПортокалиПортокалите содржат уникатен микс од антиоксиданси кои се одлични за нашето здравје

„Сметаме дека портокалот е толку добар за нас поради конкретниот микс од антиоксиданси“ – изјавил Тори Паркер од Универзитетот Brigham Young од Јута.

Антиоксидансите се особено корисни за нашето здравје. Тие го забавуваат процесот на стареење на клетките, а помагаат и во заштитата од рак и срцеви болести.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20837 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.