Попај е еден од омилените ликови од цртаните филмови на милиони деца низ светот. Но, гледањето на цртани со Попај не само што е забавно, туку е и корисно.
Веќе долги години Попај е причината децата низ светот да јадат повеќе спанаќ. Сега и научниците потврдија дека силниот морнар влијае врз навиките за јадење на децата.

Експертите откриле дека децата кои редовно го гледале Попај како се насладува на спанаќот, консумирале двојно повеќе зеленчуци.
Децата на возраст од 2 до 5 години, кои учествувале во истражувањето, јаделе четири порции зеленчуци дневно откако ќе изгледале цртан филм со Попај, а пред да гледаат филм со Попај јаделе само две.
Цртаниот лик Попај за прв пат се појавил на екраните во 1933 година и се смета дека придонел за подобрување на индустријата за спанаќ во САД во 30-тите години.