Првиот романтичен бакнеж е спомен којшто е длабоко врежан во сеќавањето на луѓето.
Тој е толку значаен што повеќето луѓе можат да се сетат на 90% од деталите поврзани со него, како на пример парфемот на партнерот или облеката што ја носеле. Научниците тврдат дека спомените за првиот бакнеж се посилни дури и од спомените поврзани со губењето на невиноста.
Истражување на авторката на книгата „The Science of Kissing: What Our Lips Are Telling Us“ покажало дека првиот бакнеж повеќе се цени од жените отколку од мажите, иако жените чувствуваат помало задоволство од бакнежот во споредба со она што го очекувале.
Шерил Киршенбаум, која е истражувач во Универзитетот Тексас, тврди и дека мажите се поагресивни при бакнувањето, затоа што се обидуваат да ѝ пренесат „тестостеронска бомба“ на својата партнерка.
Но, Киршенбаум објаснила и дека малите чести бакнежи се клучот до женското срце, затоа што тестостеронот пренесен за време на сесија од кратки бакнежи подолго се задржува во телото и може да ја натера жената побрзо да се заљуби.