Телевизијата TLC наскоро ќе стартува со своето најново реално шоу „Virgin Diaries“ во кое ќе бидат прикажани приказните на возрасни мажи и жени кои ја зачувале својата невиност. Некои од нив апстинирале од секс поради религија, други по свој избор, а трети затоа што биле принудени.
Но, меѓу нив има и маж и жена за кои воздржувањето од секс не било доволно и го зачувале својот прв бакнеж за свадбениот ден.
Нивниот многу чуден бакнеж е дел од тизерот за шоуто и веќе е погледнат од половина милион луѓе на YouTube.