За многу жени, идеалниот маж има сини или зелени очи. Но, за еден маж да изгледа подоминантно, истражувањата покажаа дека тој треба да има кафеави очи.
Во рамките на чешко истражување, 62 учесника разгледувале фотографии од 80 лица (40 мажи и 40 жени) и требало да оценат кој од нив изгледа доминантно. Потоа, експертите ги обработиле фотографиите со Фотошоп, променувајќи ја бојата на очите на секое фотографирано лице, т.е. кафеавите очи биле заменети со сини, а сините со кафеави. Обработените фотографии ги оценувале други учесници.
Зачудувачки, резултатите биле исти. Лицата на мажите кои имале кафеави очи биле оценети како подоминантни, во споредба со лицата на синооките мажи, дури и на фотографиите каде нивните очи биле променети во сини.
Кај жените не биле забележани такви резултати.
Експертите сметаат дека причината за доминантниот изглед се крие во цртите на лицето кои ги имаат мажите со кафеави очи. Лицата на мажите со кафеави очи најчесто се карактеризираат со поширока брада и уста, поголем нос, подоближени очи и поголеми веѓи, во споредба со мажите со сини очи.
Се верува дека сините очи не постоеле до пред 6000-10000 години, кога настанале поради генетска мутација. Пред тоа, сите луѓе имале кафеави очи.