Почетна » Новости » Истражувања » Користењето на Facebook ви ги намалува оценките со 20%

Користењето на Facebook ви ги намалува оценките со 20%

Психолозите тврдат дека студентите кои користат Facebook додека учат добиваат пониски оценки во споредба со студентите кои не ја користат оваа социјална мрежа.

Ново истражување покажало дека користењето на Facebook може да ги намали оценките на студентите со 20%.

Студентка што учиКористењето на Facebook може да ви ги намали оценките на студентите со 20%

Професорот Пол Киршнер и неговиот тим анализирале 219 американски студенти на возраст од 19 до 24 години. Резултатите покажале дека оценките од испитите на оние кои користеле Facebook додека учеле се за 20% пониски од резултатите на студентите кои не ја посетувале најпопуларната социјална мрежа.

Но, Facebook корисниците не веруваат или не сакаат да поверуваат во овие заклучоци. Дури 75% од корисниците сметаат дека поминувањето на голем дел од времето на сајтот не влијае на нивните академски постигнувања.

Останатите корисници во главно веруваат дека користењето на Facebook има лош ефект и признаваат дека Facebook манијата ги принудува да си ја одложуваат работата и учењето.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20818 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.