Facebook најмногу се користи за забава и скоро секој се најавува на оваа друштвена мрежа со цел да си го подобри расположението.
Но, научниците велат дека многуте пријатели на Facebook носат и многу стрес. Колку попопуларни сте на Facobook, толку поголема е веројатноста да бидете вознемирени и под стрес, велат тие.
Корисниците со многу пријатели постојано чувствуваат притисок да бидат присутни и активни, а мал дел од нив страдаат од т.н. „анксиозност предизвикана од Facebook“, објаснила Кети Чарлс, која го предводела најновото истражување во оваа област.
Истражувањето покажало дека на лицата кои непрекинато го користат Facebook, друштвената мрежа им влијае многу повеќе негативно, отколку што им носи позитивни нешта како на пример комуникација со пријателите.
Студентите кои имале најмногу пријатели и кои најчесто користеле Facebook, чувствувале и најголем стрес. Некои од нив изјавиле дека користењето на Facebook прави да се чувствуваат вознемирени, а други изјавиле дека одбивањето на покани за пријателство предизвикува да чувствуваат вина.
Дел од учесниците признале дека постојано се под стрес затоа што чувствуваат притисок да бидат инвентивни и да ги забавуваат другите со своите интересни статуси.
„Тоа е исто како да сте мал медиум... Вие сте како мини селебрити и колку поголема публика имате, толку поголем притисок чувствувате да создадете нешто за себе“ – објаснила Кети.
Истражувањето открило дека најголем дел од учесниците не можат да наведат конкретна причина поради која ја користат најпопуларната друштвена мрежа, а и дека многу голем дел од корисниците не го напуштаат Facebook бидејќи се плашат да не пропуштат некој значаен настан или некоја важна информација.