Почетна » Новости » Истражувања » Жените слабеат побрзо кога вежбаат во друштво

Жените слабеат побрзо кога вежбаат во друштво

Доколку планирате да ослабите некое килце, побарајте некоја пријателка да ви се придружи во диетата или во вежбањето, затоа што научниците тврдат дека жените слабеат побрзо кога вежбаат или се хранат здраво во исто време со своја пријателка.

Вежбање во друштвоПросечната жена слабее 5 килограми повеќе кога нејзините пријателки ѝ се придружуваат во диетата и вежбаат со неа.

Истражувачите откриле дека просечната жена слабее 5 килограми повеќе кога нејзините пријателки ѝ се придружуваат во диетата и вежбаат со неа, а една петтина од жените кои решаваат да се втурнат во авантурата слабеење сами – не слабеат ниту едно кило.

Истражување во кое учествувале 3000 жени покажало дека на 61% од жените им е тешко да соберат енергија за да започнат да вежбаат сами, но радо би отишле на трчање или на пливање ако тоа го прават во друштво на пријателка.

Седум од 10 жени изјавиле дека вежбањето не го чувствуваат како обврска кога вежбаат со пријателка и половина од учесничките признале дека не престануваат да зборуваат во текот на тренингот.

Освен што вежбањето заедно им помага да слабеат побрзо, жените на тој начин го зајакнуваат и своето пријателство.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20803 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.