Почетна » Новости » Истражувања » Жените „паѓаат“ на машките фрази за флертување

Жените „паѓаат“ на машките фрази за флертување

Иако голем дел од жените превртуваат очи кога ќе слушнат фраза како „Дали болеше кога падна од рајот?“, истражување на онлајн казиното MrGreen покажало дека дури две третини од жените потајно ги ценат ваквите комплименти.

ФлертИако голем дел од жените превртуваат очи кога ќе слушнат излитена фраза, дури две третини од жените потајно ценат ваков комплимент

Повеќе од половината учеснички во истражувањето (59%) сметаат дека мажите кои користат фрази за да започнат разговор имаат смисла за хумор, а 58% од учесничките сметаат дека употребата на фрази покажува дека мажот е самоуверен.

Секои 4 од 10 жени признале дека некогаш се согласиле да излезат со маж којшто употребил излитена фраза за да им се доближи.

Менаџерката на казиното коешто го спровело истражувањето изјавила: „Со години се сметаше дека фразите за започнување на разговор се очајни и се сметаа како нешто што само најсмелите мажи би се осмелиле да го пробаат. Но, изгледа тие можат да бидат најдобриот пат до женското срце. Жените сакаат мажи со смисла за хумор, а употребата на интересни фрази може да биде одличен начин мажот да покаже дека има смисла за хумор.“

Истражувањето во кое учествувале 3000 Британци ги открило и најчесто употребуваните фрази од страна на машките.

Најчесто употребувани машки фрази за флертување

  1. Дали веруваш во љубов на прв поглед или да се вратам повторно?
  2. Освен тоа што си убава, со што друго се занимаваш во животот?
  3. Ќе започнеме да зборуваме или ќе продолжиме да флертуваме на растојание?
  4. Убав фустан, би изгледал добро на подот во мојата спална.
  5. Ми недостига моето плишено меченце. Ќе спиеш вечер со мене?
  6. Дали болеше кога падна од рајот?
  7. Дали го поддржуваш помагањето на бездомниците? Ако да, однеси ме дома со тебе.
  8. Ако ти кажам дека имаш убаво тело, дали би ми се лутела?
  9. Дали би ти сметало ако зјапам во тебе од блиску, наместо од другата страна на собата?
  10. Здраво, само сакав да ти го дадам задоволството да ме одбиеш. Ајде, речи не.
  11. Изгледа го загубив својот број, може ли да ми го дадеш твојот?
  12. Имав навистина лош ден и секогаш се чувствувам подобро кога ќе видам убава девојка како се смее. Па, дали би се насмеала за мене?
  13. Изгледа нешто не е во ред со моите очи, не можам да ги тргнам од тебе.
  14. Имам амнезија. Дали доаѓам овде често?

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20803 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.