Повозрасните жени се посамоуверени и поудобно се чувствуваат во својата кожа, а тоа се одразува позитивно и на нивниот сексуален живот. Уште едно истражување покажа дека повозрасните жени имаат подобар секс.

Истражување порачано од британското списание Top Sante покажало дека жените над 40 години имаат најдобар секс.
Со помош на анкета во која учествувале 2000 жени било утврдено дека 81% од жените над 40 години се поавантуристички настроени во споредба со периодот кога биле во своите 20-ти години, а 63% од нив се посамоуверени во сексот.
Експертите сметаат дека жените во 40-тите години од животот го доживуваат врвот на „сексуалната самодоверба“, знаат што сакаат во спалната и не се плашат да го побараат.
Истражувачите откриле дека 68% од жените над 40 години знаат кои техники за водење на љубов им доставуваат најголемо задоволство и 50% не се плашат да го побараат тоа од својот партнер.
Околу 60% од жените со деца над 18 години изјавиле дека имаат повеќе секс откако нивните деца се преселиле, а 91% од жените кои работат и имаат деца помали од 10 години изјавиле дека сексуалниот живот им е катастрофален.
Уредниот на списанието Top Sante во врска со резултатите изјавил: „Вистинската сексуална авантура започнува кога децата се постари или го имаат напуштено домот и жените имаат самодоверба и искуство да уживаат во сексот многу повеќе од претходно“.