Споредувањето на машките и женските карактеристики и способности е една од најинтересните теми и соодветно многу истражувања се посветени токму на тоа.
Научници од Универзитетот Кембриџ откриле дека женскиот мозок е поспособен да памти информации од машкиот. Тие утврдиле дека постои директна поврзаност меѓу полот, нивото на стекнато образование и функционирањето на меморијата.
За да го докажат тоа, истражувачите направиле серија од тестови за меморија со учество на 4500 мажи и жени. Прелиминарните резултати покажале дека жените прават во просек 5,9 грешки помалку во споредба со мажите. Оваа разлика останувала непроменета без разлика на возраста на учесниците.
Научниците се надеваат дека овие откритија ќе им помогнат подобро да ја разберат Алцхајмеровата болест и да ја дијагностицираат деменцијата во порана фаза.