Почетна » Новости » Истражувања » Длабоко деколте – најголема грешка на жените на работа

Длабоко деколте – најголема грешка на жените на работа

Облеката е многу важна на работното место и тоа не е тајна. Различни експерти постојано даваат совети која облека остава најдобар впечаток на работното место.

Најновото истражување на оваа тема покажа дека кога станува збор за облеката, најголемата грешка што жените можат да ја направат на работното место е да носат блузи и кошули со длабоко деколте.

Длабоко деколтеНајголема грешка на жените на работното место е длабокото деколте

Секој петти менаџер кој учествувал во истражувањето признал дека има отпуштено вработен поради тоа што не се облекувал соодветно. Половината од шефовите не унапредиле некого или не му ја покачиле платата поради несоодветното облекување.

Најголем дел од учесниците (80%) сметаат дека начинот на којшто луѓето се облекуваат на работа има влијание на нивната кариера.

Истражувањето било направено за британскиот бизнисмен Питер Џонс, а во него учествувале 3000 менаџери и вработени.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20098 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.