Почетна » Новости » Истражувања » 4 забавни факти за насмевката

4 забавни факти за насмевката

Насмевката е најубавиот израз на лицето, но исто така и најпроучуваниот. Таа е главен предмет на проучување на илјадници истражувања. Мериен Лафренс, професорка по психологија на Универзитетот Јеил, се обидела да ги собере најважните факти за насмевката во својата нова книга „Lip Service“.

Насмеана жена

За списанието на Опра таа споделила четири забавни факти:

  1. Луѓето со голема насмевка живеат подолго. Истражување спроведено минатата година ги анализирало насмевките на 230 бејзбол играчи преку фотографии. Било откриено дека мажите со широка насмевка живеат 4,9 години подолго од играчите со „половична“ насмевка и 9 години подолго од играчите кои воопшто не се смееле. Се разбира, не може да се прави директна врска помеѓу големата насмевка и долгиот живот, но големата насмевка е знак на позитивни емоции кои се поврзуваат со подобро физичко и емотивно здравје.
  2. Насмевката има „потсвесно“ влијание. Откако на доброволци им било покажано насмеано лице само во период од 4 милисекунди, тие гледале на светот со попозитивен поглед. Досадните работи им изгледале помалку здодевни, неутралните слики им биле попозитивни, а блуткавите пијалоци им биле повкусни, во споредба со контролна група. Четири милисекунди не се доволно за доброволците да бидат свесни дека виделе насмевка, но сепак се појавил позитивниот ефект на насмевката.
  3. Насмевката е „заразна“. Истражување спроведено во друштвените мрежи покажало дека кога едно лице е среќно, го пренесува тоа чувство на уште две други лица.
  4. Кожата околу очите ги издава лажните насмевки. Кога некој се смее од среќа и задоволство, настануваат контракции во мускулите околу очите наречени orbicularis oculi. Поради тие контракции се појавува „збрчкувaање“ на кожата околу очите. Луѓето не можат намерно да ги мрдаат овие мускули, па кога некој лажно се насмевнува, кожата околу очите му останува иста.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19735 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.