И покрај тоа што сите пушачи знаат колку е штетна оваа навика, голем дел од нив никогаш не би се откажале од пушењето.
Ново британско истражување покажа дека љубовта кон цигарите кај некои луѓе е посилна од љубовта кон партнерот. Во рамките на истражувањето, на пушачи им бил поставен ултиматум „или цигарите или партнерот“. За големо изненадување, 21% од учесниците изјавиле дека побрзо би ја раскинале врската отколку да се откажат од пушењето.

Исто така било откриено дека 63% лажат дека не пушат кога всушност уживаат во штетниот чад.
„Зависноста од никотин е толку силна што понекогаш може да ја надвладее моќта на љубовта. Ова е показател за длабочината на овој проблем“ – изјавил д-р Алекс Бобак, експерт за откажување од пушењето.