Народните приказни редовно ги потенцираа војните помеѓу снаите и свекрвите. Иако во реалноста односите снаа-свекрва не се толку кошмарни како во приказните, сепак во многу семејства тлее мала тензија помеѓу двете најважни жени во животот на мажот.
Ново истражување покажало дека 40% од сопругите признаваат дека односите со свекрвите не им се баш најсјајни, а поводите за малите битки се најразлични – од кавгите за најправилниот начин за растење на децата, па до чувството за стил.
Истражувањето направено од компанијата OnePоll во кое учествувале 2.000 возрасни лица, открило и дека секоја десетта жена има целосно нарушени односи со свекрвата.
За што најмногу се раѓаат конфликтите помеѓу снаите и свекрвите? Врз основа на добиените резултати, од OnePoll направиле листа на најлоши особини на свекрвите кои ги вадат снаите од такт.
- Го кажуваат своето мислење за тоа како треба да се растат и воспитуваат децата.
- Се однесуваат како секогаш да знаат што е најдобро.
- Велат: „Во мое време, ние правевме...“
- Ги критикуваат вашите способности како мајка.
- Им даваат на децата премногу брза храна.
- Се однесуваат како да знаат што сакаат и не сакаат децата.
- Не слушаат.
- Измислуваат дека го познаваат својот син подобро од вас.
- Веднаш по влегувањето започнуваат да средуваат низ вашиот дом.
- Се мешаат во вашите финансии.
- Си земаат заслуга за добрите особини на својот син, бидејќи тој ги наследил од нив.
- Го прашуваат својот син: „Дали се храниш добро? Ми изгледаш ослабен.“
- Ви кажуваат: „Би можела да подослабиш малку.“
- Инсистираат да зборувате на фиксен наместо на мобилен телефон.
- Ви велат: „Мора да започнете да мислите на тоа да добијам внучиња, не се подмладувате.“
- Бараат од вашиот партнер да чува тајни од вас.
- Го критикуваат вашиот аутфит.
- Одбиваат да ги слушаат вашите совети кога ви ги чуваат децата, бидејќи „веќе израснале свои деца“.
- Ги критикуваат оброците кои ги служите, затоа што користите полуготови производи.
- Ви купуваат освежувач за воздух кога престојуваат во вашиот дом.