Почетна » Новости » Занимливости » Хумористичен текст кој насмеа многу Балканци: „Една од најтешките работи на Земјата е да бидеш СНАА“

Хумористичен текст кој насмеа многу Балканци: „Една од најтешките работи на Земјата е да бидеш СНАА“

Текст од Србија, во кој на хумористичен начин е опишано како им е на СНАИТЕ, ги насмеа балканските интернет корисници и се рашири на социјалните мрежи.

Снаа

Еден од најтешките облици на постоење на Земјата е да бидеш СНАА. Што од свекрвата, што од золвата, што од целото семејство. Има снаи кои одма ќе ги доведат сите на ред и никој не смее да им се меша во животот, а има и онакви кои пак сакаат на сите да им се допаднат.

Колку и да се трудиш да им се допаднеш, порано или подоцна водата ќе ти стигне до устата и ќе посакаш сите да ги отераш по ѓаволите. Зашто ако си слаба, зошто си слаба, ако си дебела, зошто си дебела, ако си необразована, зошто не учеше, ако сепак учеше, тоа е твоја работа.

Ако си убава, не чиниш. Ако си запуштена, пак не си нешто нормална. Ако куќата ти е средена, можела да ти биде уште посредена, а ако не е, оди веднаш отепај се.

Децата обично не ги доиш како што треба, не ги облекуваш, не ги храниш и не ги воспитуваш. Ако не сакаш да правиш зимница, не чиниш, а ако пак правиш, не се прави така.

Ако правиш колачи, можат да бидат и подобри, а ако нарачуваш, срам да ти е!

Нејзиниот СИН НАД СИНОВИТЕ секако никој не може да го сака како таа, па според тоа, џабе се трудиш!

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19729 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.